Активности

Петок, 14 декември 2018

Обраќање на претседателот Џафери на oдбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија

Почестен сум што денес сме собрани сите заедно за одбележиме на свечен меѓутоа и работен начин 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Република Македонија. Станува збор за дипломатски односи со држава која е колевка на парламентарната демократија, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации и една од економски најразвиените држави.

повеќе...

Петок, 14 декември 2018 година

Работна средба на Клубот на пратенички на тема „Малолетнички бракови“

Клубот на пратенички вчера одржа работна средба на тема „Малолетнички бракови“. Настанот се организираше во соработка со Националниот демократски институт (НДИ).  На работната средба присуствуваа пратенички од повеќето пратенички групи во Собранието на Република Македонија. 

повеќе...

Четврток, 13 декември 2018 година

Буџетскиот совет со едногласна поддршка на Предлог-буџетот за 2019 во делот за Собранието

Буџетскиот совет го разгледа и даде едногласна поддршка на Предлог-буџетот за 2019 година, кој се однесува  на Собранието на Република Македонија. 

повеќе...

Четврток, 13 декември 2018 година

Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Триесет и осмата седница, како матично работно тело, ги разгледа:

повеќе...

Среда, 12 декември 2018 година

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 17. седница, како матично работно тело, во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, поднесен од пратеничките: Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Никица Корубин, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Милева Ѓоргиева, Шпреса Хадри, Мирсада Емини-Асани и Снежана Калеска-Ванчева.

повеќе...

Среда, 12 декември 2018 година

Презентација на министерот за култура и претседателот на Комисијата за управување со Охридскиот Регион 

На денешната 17. седница на Комисијата за култура, свое обраќање имаа министерот за култура, Асаф Адеми и претседателот на Комисијата за управување со Охридскиот Регион, Зоран Павлов, за нивната работа и активностите околу управувањето со Охридскиот Регион и состојбите со природното и културното наследство.

повеќе...

Среда, 12 декември 2018 година

Работна посета на Комисијата за одбрана и безбедност во Штабот на НАТО во Брисел 

На покана на амбасадорот Такан Илдем, помошник на генералниот секретар од Дивизијата за јавна дипломатија, делегација од Собранието на Република Македонија оствари работна посета во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија. 

повеќе...

Вторник, 11 декември 2018 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на  денешната 39. Седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договор за заем, наменет за финансирање на проектот „Ветерен парк Богданци-втора фаза“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и АД ЕЛЕМ, (по скратена постапка).

повеќе...

Понеделник, 10 декември 2018 година

Претседателот Грамоз Ручи во официјална посета на Република Македонија

На покана од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, Делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи, е во официјална посета на Република Македонија. Претседателот на Собранието, г. Ручи, беше дочекан со високи државни почести, а првата средба на оваа официјална посета се оствари со домаќинот, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

повеќе...

Понеделник, 10 декември 2018 година

Да го европизираме Балканот, а не да ја балканизираме Европа 

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи.

Од името на Пратеничката група, задоволство од средбата и благодарност за безрезервната поддршка од пријателска, соседна и земја членка на НАТО, изрази пратеничката Бети Рабаџиевска-Наумовска. 

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 63
  •